Македонија локални избори 2025

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коцев најавува топ пет проекти што Зрновци ќе ја претворат во економски моќна општина

Оваа програма се разликува од претходните затоа што во неа се предвидени топ 5 проекти, кои ќе овозможат Зрновци да прерасне во економски моќна општина, која истовремено ќе биде ресурсен центар за туризам и здрав живот изјави Коцев.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коцев најавува топ пет проекти што Зрновци ќе ја претворат во економски моќна општина

Со комплетно нова листа за советници, кандидатот за градоначалник на Општина Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ, Борчо Коцев пред медиумите ја претстави новата програма, стратегијата и визијата за развој на трите населени места во Општината.

Во програмата е опфатена модерна инфраструктура поделена во три сегменти – агротуризам, урбанизам, култура и спорт.

Според Коцев, модерната патна инфраструктура подразбира урбанистички одржлив развој со разработување на урбанистички јадра во трите населени места во Општината: Зрновци, Мородвис и Видовиште, како и парцелизација на градежното земјиште што ќе овозможи услови за инвестирање од приватниот сектор.

– Оваа програма се разликува од претходните затоа што во неа се предвидени топ 5 проекти, кои ќе овозможат Зрновци да прерасне во економски моќна општина, која истовремено ќе биде ресурсен центар за туризам и здрав живот. Овде би посочил на изработка на комплетна документација од основен до урбанистички проект за изградба на брана (акумулација) на Зрновска Река, изградба на младински еко кампус во Видовиште на местото на старото училиште, изградба на четири бушотини за вода во трите населени места од општината, изградба на индустриска зона во село Мородвис на површина од 60 илјади квадратни метери за преработувачки капацитети, како и, на две локации во село Зрновци, оформување на индустриски зони со површин од 110 илјади квадратни метри, најави Борчо Коцев, кандидат за градоначалник на Општина Зрновци предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Програмата што ја најави Коцев ќе биде доставена до секое домаќинство на Општина Зрновци.

Најнови вести од Македонија

To top