Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125, Самсун Опен во Турција.
Таа во мечот од 1.коло ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка.
Мечот што траеше само 75 минути Лина го доби со 2-0 во сетови (6-4 и 6-3). Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен).
Следна противничка на Ѓорческа ќе и биде Софија Костулас од Белгија.