Македонија

Д-р Владко Грозданов: Болницата ќе го врати својот сјај!

Д-р Владко Грозданов: Болницата ќе го врати својот сјај!

Денеска на средба со директорот на ФЗО Сашо Клековски и директорката на Општа Болница д-р Катерина Паниќ, се констатира огромен напредок, започнати повеќе зафати за реновирање невидени во последните две декади, постапка за набавка на дигитален ренген, но и заложби за уште посилно вложување во здравството во партнерство со Општината.
Болницата во Кочани не е само здравствена установа за нашиот град, туку и за целиот регион. Таа е место каде секојдневно се спасуваат животи и каде граѓаните ја бараат својата сигурност. Д-р Владко Грозданов како иден градоначалник ќе стори сè за нејзино реновирање, обнова и модернизација – за да ја вратиме гордоста и сјајот на оваа институција.
Докторот знае како – затоа што е дел здравството, затоа што знае што му недостасува и што може да биде подобро. И како човек, и како градоначалник, ќе биде вистинскиот стожер на здравството во Кочани, се вели во Фејсбук статусот на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

To top