Време е заеднички да испишеме нова страница во функционирање во историјата на живеењето и за првпат во историјата Општина Неготино да добие жена градоначалничка.
Ова од вечерашниот митинг го истакна кандидатката за градоначалничка на Општина Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева.
Таа посочи дека Општината има одлична соработка со централната власт, а во двата јавни повици, Општината добила финансиски средства во висина од 4,6 милиони евра за реализација на проекти во Неготино и населените места.
-Приоритети во следните четири години се изградба на нов градски плоштад, изградба на нов кужен тек, реконструкција на патишта и улици…кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите неготинчани, нагласи Нацева.