На 30.09.2025 во 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во атар на с.Сушица, општина Петровец, патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.