Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, уште еднаш ја повтори својата желба да ја помине целата своја НБА кариера во франшизата од Колорадо.
Српскиот центар и трикратен МВП се обрати на прес-конференцијата на денот посветен на медиумите пред почетокот на новата сезона.
Темата беше и продолжувањето на неговиот договор, што тој одби да го направи пред да оди на Европското првенство.
„Не размислувам за тоа. Тоа доаѓа природно. Мојот план е да бидам со Нагетс засекогаш“, ветува Јокиќ.
Претстојната сезона ќе биде 11-та на Јокиќ во најсилната лига во светот