Храна и Пијалаци

Ледени лимон коцки кои се топат во уста – Лесни, пенести и миризливи

Брзи и лесни се за правење, а ќе ги снема додека трепнете.

Ледени лимон коцки кои се топат во уста – Лесни, пенести и миризливи

Состојки:

За кората:

300 гр. мелени бисквити
100 гр. кокос
100 гр. растопен путер
100 мл сок од портокал или млеко

За кремот:

500 мл млеко
2 жолчки
3 лажици густин
5 лажици шеќер
рендана кора од 1 лимон
сок од половина лимон
1 ванилин шеќер
100 гр. кокос
100 гр. путер (собна температура)

За декорација:

шлаг или стлатка павлака
кокос или кора од лимон за посипување

Подготовка:

За кората, во голем сад, измешајте ги мелените бисквити, кокосот и растопениот путер. Додадете сок од портокал (или млеко) и мешајте додека не добиете мазна смеса што убаво се згуснува. Ставете ја смесата во калап со дијаметар од околу 24 см, обложен со хартија за печење или провидна фолија, и ставете ја во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Во мало тенџере, изматете ги жолчките, шеќерот, густинот и неколку лажици млеко додека не добиете мазна смеса. Потоа додадете го остатокот од млекото, ванилиниот шеќер и ренданата кора од лимон. Гответе на тивок оган, мешајќи постојано, додека кремот не се згусне. Тргнете од шпорет, додадете сок од лимон и кокос, па оставете да се олади. Кога кремот ќе стане млак, додадете го путерот и мешајте додека не добиете убав, мазен фил.

Прелијте го кремот врз подготвената кора и измазнете.

Одозгора намачкајте шлаг или слатка павлака и наросете со кокос или кора од лимон. Оставете го колачот во фрижидер најмалку 4 часа, идеално преку ноќ.

To top