На 27.09.2025 во 20:03 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, тетовско, поточно во с.Порој, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(61) од село Горно Седларце, тетовско, удрило во пешакот М.А.(69) од с.Порој.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во присуство на јавен обвинител.