На 26.09.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(50) и електричен тротинет, управуван од Б.Ј.(48), двајцата од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.