Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС во Струмица во страв пред пораз, стана бастион на ширење страв и трепет каде листите на советници им се полни со насилници

ВМРО-ДПМНЕ: СДС во Струмица во страв пред пораз, стана бастион на ширење страв и трепет каде листите на советници им се полни со насилници

СДС во паника поради поразот кој ги очекува на претстојните локални избори во Струмица почна да шири насилство и страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека очигледен е очајот на раководството на СДС во Струмица па наместо да понудат проекти, план и визија тие се свртеа кон насилство и заплашување.

-Наместо да се извинат, да се оградат и дистанцираат по скандалозниот напад во кој нивните кадри Христијан Ефтимов и Илија Стојанов крвнички тепаат странски државјани, од партијата само молк.

Дали Филипче и СДС ќе се оградат и дистанцираат од насилниците и насилството?

Зошто судството се уште не реагира?

Дали за СДС и нивните насилници на листа за советници не важат законите?

Но, Христијан Ефтимов и Илија Стојанов не се исклучок, носителот на листа, Миле Гогов има кривична за загрозувaње на сигурност, додека за Шефкет Асанов има прекршочна за насилство и нарушување на јавен ред и мир.

Дали судството ќе реагира за овие прекршители на законот?

СДС во Струмица се опкружени со насилници и луѓе подготвени да прават насилство и да го прекршуваат законот, додека институциите не реагираат поради тоа што се блиски до Заев.

На Струмица и требаат лица со интегритет и визија, а не уценувачи и насилници, се наведува во соопштението.

To top