Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија на 27 и 28 септември во хотелот „Пела“ во Охрид ќе одржи редовен годишен едукативен семинар.
Toj е и задолжителен, за одбојкарските судии и делегати во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2025/2026.
Целта на семинарот е континуирано професионално унапредување на одбојкарските судии, размена на искуства, усогласување со актуелните и новите меѓународни правила.
Воедно, ќе се спроведе и задолжителното тестирање за активните судии и делегати.
Главен предавач на семинарот ќе биде ФИВБ инструкторот Зорица Бјелиќ. Србинот е истакнат меѓународен судија и актуелен судиски делегат, со долгодишно искуство во судиска едукација, обучувач на највисоко ниво и редовен предавач на светските и европските судиски семинари.