Свет воени сили

Украина тврди дека синоќа соборила 128 руски дронови

Воздушниот напад бил одбиен со помош на украинската авијација, противвоздушни ракетни единици, единици за електронско војување и беспилотни системи, како и мобилни огнени групи на украинските одбранбени сили.

Украина тврди дека синоќа соборила 128 руски дронови

Украинските одбранбени сили успешно неутрализираа 128 руски дронови од различни видови од вкупно 154 кои беа лансирани во синоќешниот напад, соопштија воените сили на социјалните мрежи.

Според извештајот на Командата на Воздушните сили на Украинската армија, Русија синоќа лансирала 154 борбени беспилотни летала – вклучувајќи „Шахед“, „Геран“ и други типови – од правците Брјанск, Орјол и Милерово во Русија. Приближно 80 дронови биле од типот „Шахед“.

Воздушниот напад бил одбиен со помош на украинската авијација, противвоздушни ракетни единици, единици за електронско војување и беспилотни системи, како и мобилни огнени групи на украинските одбранбени сили.

Како што соопшти украинската војска, прелиминарните податоци покажуваат дека 128 руски дронови – „Шахед“, „Геран“ и други – биле соборени или неутрализирани на северните, јужните, источните и централните подрачја на Украина. Забележани се 26 потврдени удари на дронови на девет локации, како и едно место каде што паднале соборени дронови.

Украинските сили вчера соборија и руски борбен авион Су-34 во секторот Запорожје.

To top