Живот и Стил

Денес е Осветување на храмот на Христовото Воскресение

Денес е Осветување на храмот на Христовото Воскресение

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 септември.

Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение

Кога Светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос.

А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа. Светата царица сакаше под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Но Елена се престави кај Господ пред да биде завршен овој величествен храм. Кога го завршија храмот, токму таа година Константин ја празнуваше триесетгодишнината од своето царување. И така и осветувањето на храмот и прославувањето на царскиот јубилеј беа прогласени за истиот ден, 13 септември, 335 година.

Во тоа време во Тир заседаваше помесниот собор на епископите. И овие епископи, како и мнозина други, притекнаа во Ерусалим на торжественото осветување на храмот на Воскресението Господово.

И тогаш се востанови тој ден, како ден на победа и триумф на Христовата Црква, да се споменува празнично секоја година.

Поврзани теми

To top