Останати спортови

Одбојкарскиот шампионат почнува на 25 октомври

Одбојкарскиот шампионат почнува на 25 октомври

На состанокот на лигашите во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2025/26, одржан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, беше извршена ждрепка за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во машка конкуренција.

Ждрепката на натпреварувачките броеви одлучи во првото коло шампионот Струмица 47&72 одбраната на титулата да ја стартува на домашен терен против Јанта Волеј. Носителот на Куп пехарот и ланскиот финалист во плеј-офот Штип УГД, пак, ќе му гостува на Сушево 1978.

Во првото коло ќе имаме и два градски дерби дуели – Работнички 71&22 ќе го пречека Скопје, додека Универзитет во Тетово ќе се „судри“ со Шкендија. На отворањето на новата сезона уште ќе се соочат и Борец и Лирија, како и Весна Пробиштип со Македонија Џио. Првенството стартува на 25 октомври.

Поврзани теми

To top