Свет

Новата Влада на Литванија положи заклетва

Парламентот на Литванија денеска ја одобри новата влада предводена од социјалдемократката Инга Ругиниене. Министрите од десноцентристичката коалиција положија заклетва веднаш откако беше изгласан составот на новата влада

Новата Влада на Литванија положи заклетва

Парламентот на Литванија денеска ја одобри новата влада предводена од социјалдемократката Инга Ругиниене. Министрите од десноцентристичката коалиција положија заклетва веднаш откако беше изгласан составот на новата влада.

Владејачката програма на новата премиерка беше поддржана од 80 од вкупно 141 пратеник, при што 40 гласаа „против“, а двајца беа „воздржани“.

Ругиене истакна дека Литванија ќе продолжи да ја поддржува Украина и ќе троши од пет до шест отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана во следните неколку години.

Ругиене (44), е поранешна лидерка на синдикатот, а од минатата година е активна во политиката. По падот на претходната влада, Ругиене ја реконфигурираше владејачката коалиција, која има поддршка од 82 пратеници.

Претходниот премиер Гинтаутас Палукас поднесе оставка во јули поради обвинувања за корупција.

To top