Хроника

Тешко повредени две лица во сообраќајка кај Мавровка

Тешко повредени две лица во сообраќајка кај Мавровка

На 24.09.2025 околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(45) с.Желино, тетовско и патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(43) од Тетово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „сеат алтеа“ и неговиот сопатник Е.С.(35) од с.Долна Бањица, гостиварско, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top