Останати спортови СВЕТСКО ММА ПРВЕНСТВО

Даниела Алексовска повторно ќе ја претставува Македонија на Светското ММА Првенство во Грузија!

Само две недели по спектакуларната победа со армбар во првата рунда на ARMMADA 14 во Скопје, Алексовска повторно влегува во кафезот – овој пат на највисокото светско ниво: Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, од 27 септември до 2 октомври.

Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг, каде моментално е рангирана 3-та во светот, благодарение на златниот медал кој го освои на Европското првенство годинава.

Ова ќе биде нејзино второ учество на Светско првенство – минатата година во Узбекистан, каде успеа да се избори до бронзен медал.

Во својата група, Даниела ќе се соочи со ривали од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан.

Заедно со својот тим „The Strongest Скопје“, како и Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА Федерација, и Стефан Пецевски, главен тренер, кои ќе бидат заедно со неа во Грузија, Даниела е решена да ја донесе златната медала во Македонија!

To top