Хроника

Пожар во Кисела Вода, зафатени автомобили и објекти

Пожар во Кисела Вода, зафатени автомобили и објекти

На 25.09.2025 во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект, информира МВР.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Повредени лица нема, во тек е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top