Ракометарите на E.Пелистер го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загубија од ГОГ Гудме со 28-31 (14-14).
Битолчани имаат за што да жалат бидејќи во првиот дел имаа дури и пет гола предност. Сепак, имаше пад на концентрацијата во финишот на првото и стартот на второто полувреме, па Данците знаеја како да го казнат тоа.
Неверојатна партија имаше гостинското крило Фредерик Бјере кој имаше максимални 13 од 13 гола, а Дејан Манасков кај битолчани даде девет.
Кај голманите Салах Бутаф од ГОГ забележа осум интервенции, додека дуото на пелистерци Митревски-Хаидаридад забележаа по три.