Битола за првпат ќе гледа европска кошарка во својот спортски храм. Кошаркарскиот клуб Пелистер по поразот од Реџо Емилија во квалификациите за Лигата на шампионите, се сели во Европа Купот на ФИБА, каде што игра во групната фаза.
Противници на „зелено-белите“ ќе бидат екипите на Керавнос од Кипар, Цедевита Јуниор од Хрватска и поразениот тим од дуелот во ЛШ меѓу Патриоти Левице од Словачка и Калев од Естонија.
ФИБА веќе го објави распоредот за натпреварите од групната фаза. Пелистерци во првото коло ќе се судрат со Цедевита во Загреб, додека во последното коло на свој терен ќе го пречекаат тимот на Керавнос.