Македонија забележа пад од едно место во ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација.
Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 59. место на светската рејтинг-листа, објавија ФИБА.
По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 198.6 бода, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.