Останати спортови Формула 1

Норис: Луѓето треба да престанат да бидат изненадувани од брзината на Ред Бул

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги искажа впечатоците по денешното Гран при на Азербејџан, истакнувајќи дека големата брзина на Ред Бул не го изненадила.

– Не би рекол дека Ред Бул е бавен толку често. Затоа мислам дека луѓето треба да престанат да бидат изненадувани од нивната брзината.

Макс победи на почетокот на сезоната. Тој лесно ја освои првата трка од сезоната, а беше многу блиску до победа во втората. Значи, тие беа брзи цела сезона, Ред Бул има многу добар автомобил. Тие исто така донесоа нови карактеристики на трката во Монца, што им помогна да станат уште побрзи. Затоа воопшто не сум изненаден од брзината на Ред Бул. Исто така, долго време знаеме дека тие имаат неверојатно силен тим и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Затоа би било глупаво да очекуваме нешто помалку од нив, изјави Норис.

Пласман во шампионатот на првите тројца возачи по Големата награда на Азербејџан 2025:
Оскар Пјастри (Мекларен) – бодови
Ландо Норис (Мекларен) – 299
Макс Верстапен (Ред Бул) – 255.

Во поредокот за конструктори води Мекларен – 623 поени, пред Мерцедес – 290 и Ферари – 286.

To top