Македонија вмро - дпмне со реакција

Филипче да не глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време

Филипче да не глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време

Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време како министер здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема, за пожарот во модуларната болница.

Филипче кој како министер за здравство не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето.

Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време за сите здравствени, еколошки и национални порази.

Каде беше Филипче зошто не одговараше и не побара одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово?

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

За разлика од минатото денес институциите реагираат одговорно, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот во Трубарево.

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top