Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Детроит Пистонс со 131:114, натпревар во Џамал Мареј постигна сезонски рекорд (37 поени), а Никола Јокиќ одигра необичен меч.
Двократниот МВП на НБА и најкорисен играч на финалето од минатата сезона, во кое Денвер ја освои првата титула во својата историја, реши да биде офанзивно неактивен во натпреварот против најслабиот тим во лигата.
Тој испрати само три топки кон кошот на Пистонс и погоди две за само четири поени. Во другите статистички категории кои вообичаено се издвојуваат тој беше доминантен.
Јокиќ мечот го заврши со 16 асистенции, седум скока и пет блокади. Никој на паркетот немаше подобри бројки од него во ниту една од тие категории.
Она што особено се издвојува е фактот дека никој во историјата на НБА лигата не го завршил натпреварот со минимум 15 асистенции и најмалку пет скока и блокади притоа постигнувајќи помалку од пет поени. Одигра помалку од 25 минути.