На турнирот „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид, македонската репрезентација се сретна со селекцијата на Тунис. Црвено-жолтите успеаја да триумфираат над Тунис со 34:27.
Гостите подобро го отворија натпреварот и поведоа со 2:0, но „црвено-жолтите“ брзо возвратија и израмнија на 2:2. Избраниците на Македонија постепено го преземаа темпото и во 12-тата минута стигнаа до водство од 7:4.
Нашите ракометари продолжија да ја контролираат играта и ја одржуваа предноста, а во 21-та минута зголемија на 11:7. На паузата, Македонија замина со резултат 15:12 во своја полза.
Во второто полувреме македонската селекција продолжи во исто темпо и во 37-та минута водеше со 20:15. Тунис се обидуваше да ја намали разликата, но нашите репрезентативци успешно ја одржуваа предноста.
Во 55-тата минута Македонија имаше предност од +6 (31:25), а на крајот заслужено славеше со убедлив резултат од 34:27.