Фудбал

Италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Ријад во декември

Италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Ријад во декември

Италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Ријад во декември оваа година, објави веб-страницата на натпреварувањето. Турнирот ќе се одржи во Саудиска Арабија, како што беше и минатата сезона, а ќе учествуваат четири екипи.

Полуфиналните натпревари се закажани за 18 и 19 декември, додека финалето ќе се игра на 22 декември.

Италијанскиот Суперкуп ќе го играат минатогодишниот шампион во Серија А, Наполи, второпласираниот Интер, освојувачот на Копа Италија, Болоња, и финалистот Милан.

Во првото полуфинале ќе се сретнат Наполи и Милан, додека Болоња и Интер ќе се сретнат еден ден подоцна.

Милан го освои Суперкупот на Италија минатата сезона, победувајќи го Интер со 3:2 во финалето.

Од четирите учесници најтрофејни се Интер и Милан со по 8 титули од 13 учества, Наполи има 2 трофеја од 5 учества, а Болоња ќе дебитира.

 

 

 

Поврзани теми

To top