Македонија Да не се повтори Росица

Ирена Чаушевска Даниловска: Кривична одговорност за судијата и обвинителот во случајот на Росица

Време е да престанеме да молчиме Росица не смее да биде уште една статистика. Ако денес нема одговорност, утре ќе има нова жртва. Твојата сестра, твојата мајка, твојата ќерка!“, наведува во објавата Чаушевска Даниловска.

Ирена Чаушевска Даниловска: Кривична одговорност за судијата и обвинителот во случајот на Росица

Да не се повтори Росица! Кривична одговорност за судијата и обвинителот во случајот на Росица!, објави на својот фејсбук профил Ирена Чаушевска Даниловска, авторка, претприемач и поддржувач на жените жртви на семејно насилство.

„Најавените протести пред МВР се дефокус. Во овој случај, полицијата имала наложени мерки и ги спроведувала. Судот и обвинителството се тие што му го укинале домашниот притвор и дале условна казна за насилник кој извршил киднапирање и 24 часовно тепање, закани и малтретирање. Пет дена подоцна имаме две убиства.

Ако сакаме вистинска правда и промена, ПРОТЕСТИТЕ МОРА ДА БИДАТ:

1. пред СУДОВИТЕ (за одговорност на судиите),
2. пред ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО (за одговорност на обвинителите),
3. и пред ПАРЛАМЕНТОТ (за законски измени: крај на условните казни за насилници).
На 10 септември 2025, Основен суд Велес му даде УСЛОВНА КАЗНА на сторителот: 1 година и 4 месеци затвор што воопшто нема да се изврши ако во рок од 3 години не го повтори делото. Истовремено, ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС по предлог на обвинителот, ги укина клучните мерки:
– нема повеќе забрана за напуштање живеалиште
-нема повеќе неделно јавување во полиција
-остана само „забрана за приближување“ – неспроведлива во пракса без алка на нога.

Пет дена подоцна – Росица и нејзиниот татко се мртви.

Кривичниот законик предвидува кривична одговорност и казна затвор од 3 до 10 години за одговорното лице при градба (чл. 289 и чл. 292) доколку настапи тешка телесна повреда или смрт на едно или повеќе лица.

Ако градежен инженер за една грешка оди во затвор, зошто судиите и обвинителите немаат никаква одговорност кога нивните одлуки директно доведуваат до убиства?

Ова не е вина на полицијата. Ова е директна вина на судството и обвинителството и оваа вина има и ИМЕ И ПРЕЗИМЕ. Ако постапиле правилно зошто се кријат позади празни соопштенија?!

Како жена, мајка и поранешна жртва на семејно насилство, а пред сѐ затоа што и 15 години подоцна и при дури 20 фемициди само во изминативе 3 години СУДИИТЕ И ПОНАТАМУ СЕ АМНЕСТИРААТ ОД ОДГОВОРНОСТ, во името на сите сегашни и идни жртви БАРАМ ВЕДНАШ:

1. Кривична и дисциплинска постапка против судијата и обвинителот во случајот на Росица.
2. Законски измени – забрана за условни казни за насилници и лица што се закануваат со убиства.
3. Воведување на лична одговорност за судии и обвинители, исто како за инженери.

Време е да престанеме да молчиме Росица не смее да биде уште една статистика. Ако денес нема одговорност, утре ќе има нова жртва. Твојата сестра, твојата мајка, твојата ќерка!“, наведува во објавата Чаушевска Даниловска.

📢 Да не се повтори Росица ❌
📢 Кривична одговорност за судијата и обвинителот во случајот на Росица ‼️

Најавените…

Posted by Irena Chaushevska Danilovska on Wednesday, September 17, 2025

Најнови вести од Македонија

To top