Ракомет

Алкалоид го одреди терминот за дербито со Е. Пелистер

Алкалоид го одреди терминот за дербито со Е. Пелистер

Третата рунда во машката ракометна Супер лига, носи нов дерби дуел. Повторно еден од „актерите“ ќе биде тимот на Алкалоид.

По дуелите со Охрид и Тиквеш, составот на Алкалоид сега ќе игра против шампионот Еурофарм Пелистер.

Од тимот од Автокоманда денеска е потврден и терминот на одигрување на дербито, а тоа е недела (21 септември) од 18 часот.

 

To top