Македонскиот борач Владимир Егоров не успеа да ја израдува нацијата со уште еден медал од голем собир.
Некогашниот европски шампион во денешниот втор настап од репасажот загуби од репрезентативецот на Узбекистан Гуломјон Абдулаев со 3-1 на поени.
Оваа борба носеше бронзен медал, што значи нашиот репрезентативец заврши на петтото место на планетарниот собир.
Во утринската сесија Егоров со убедливи 10-0 го совлада Саундерс од Канада, а претходно беше подобар од Индиецот Аман и Иранецот Аолбехадилаборс.
Освен Егоров, на борилишта во Загреб настапија и други македонски борачи, но нивната кампања траеше пократко.
Шапиев во категоријата до 74 килограми беше поразен од Американецот Кар, додека Митров (до 79 кг) загуби од корејскиот натпреварувач Сео. Хајдари пак, во првата рунда беше елиминиран од Хидлеј од Соединетите Американски Држави. Нуров, пак, со убедливи 10-0 беше поразен од Тазхудинов.