Австриецот Штефан Крафт победи на последниот натпревар од турнејата „Четири скокалници“, но најсреќен во Бишофсхофен беше Риоји Кобајаши.
Јапонецот обезбеди пласман кој му беше доволен за прво место во генералниот пласман и трет триумф на традиционалната новогодишна турнеја од Светскиот куп во ски-скокови.
Со скокови од 137 и 139 метри, Кобајаши денеска го освои второто место, додека покрај него и Крафт, место на победничкиот пиедестал обезбеди и Словенецот Анже Ланишек.
Кобајаши не успеа да победи на ниту еден од четирите натпревари од ова издание, но на крајот сепак ја реализираше главната цел, освојувајќи повеќе поени од Германецот Андреас Велингер и денешниот победник Крафт.
Победникот на изданието во 2023/24 им се приклучи на уште тројца ски-скокачи со по три трофеи на „Четири скокалници“, а само двајца натпреварувачи во историјата имаат подобар ефект.