Палестинската новинска агенција ВАФА денеска соопшти дека нивни новинар загинал при израелски напад врз Појасот Газа.
Новинарот Мохамед Абу Хасири е убиен во израелското бомбардирање кога е погодена неговата куќа, во близина на пристаниште западно од градот Газа. Во нападот загинаа и 42 членови на неговото семејство, истакнува ВАФА.
Нападот се случил ноќта помеѓу неделата и понеделникот.
Комитетот за заштита на новинарите вчера соопшти дека најмалку 36 новинари и медиумски работници загинаа од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас. Помеѓу загинатите новинари 31 се Палестинци, четворица Израелци и еден Либанец.