На 25 септември, со почеток во 11:30 часот, во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе започне настанот под мотото „Ракометот е тука – дали си подготвен“?
Специјални гости на настанот ќе бидат нашите ракометни легенди – Филип Миркуловски, Индира Кастратовиќ и Елена Ѓорѓиевска. Главната цел на овој караван е промоција на нашиот национален спорт низ целата држава.
Караванот има задача да ги доближи вредностите на ракометот до најшироката публика, да создаде нови генерации кои ќе бидат големи љубители на спортот и да ја поттикне активната вклученост во спортските активности.
Особено внимание е насочено кон најмладите, односно нашите идни ракометни ѕвезди .
Преку дружење, мотивација и инспиративни примери, тие ќе имаат можност да се запознаат со ракометот како потенцијална нивна иднина и како спорт што носи другарство, дисциплина и успех.