Германската репрезентација успеа да ги обедини европското и светското злато, откако го доби финалето на Евробаскетот против Турција (83-88).
Борбата за злато во Рига беше беспоштедна и драматична, а повеќе нерви на крајот имаа Германците.
По натпреварот беа одбрани и најдобрите играчи на шампионатот, а сите доаѓаат од НБА лигата. Очекувано, две имиња доаѓаат од Германија и тоа се Денис Шрудер и Франц Вагнер. Во идеалната петорка имаше место и за Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ и секако Алперен Шенгун кој беше најдобар играч на Турција.
Денис Шрудер (Германија)
Јанис Адетокумбо (Грција)
Лука Дончиќ (Словенија)
Алперен Шенгун (Турција)
Франц Вагнер (Германија)
За МВП на турнирот веројатно очекувано по победата во финалето на германската селекција е одбран Денис Шрудер.