Екипата на Бутел Скопје забележа сензационална елиминација уште во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако пред својата публика во Скопје го загуби реваншот од Дуделанж со 24-29 и на тој начин ги заврши настапите на меѓународна сцена оваа сезона.
Пред една седмица македонскиот суперлигаш славеше на гости со 27-31.
Субашевски со седум, Узунчев со пет и Николов со четири гола беа најпрецизни во таборот на Бутел, а за победничкиот тим по шест гола постигнаа Лабонте и Етуте.
Во второто коло Дуделанж ќе се соочи со Раховеци од Косово, кој беше слободен во оваа фаза.
Македонија во ЕХФ Европскиот Куп се надева на останатите два претставници, Тиквеш и Охрид.