Музика Понесете широка насмевка

„Поточиња“ повикува нови членови: Однесете ги вашите талентирани дечиња на аудиција

Не ја пропуштајте можноста Вашето дете да стане дел од најубавата детска музичка приказна!

„Поточиња“ повикува нови членови: Однесете ги вашите талентирани дечиња на аудиција

Детскиот фестивал „Поточиња“ со голема радост и задоволство известува дека од 15 до 18 септември 2025 година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски” (населба Аеродром) ќе одржи Аудиција за прием на нови членови – учесници на новото фестивалско издание „Поточиња 2026”.

-Нашите идни Поточиња потребно е да ни отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца, велат организаторите.

Како што е напоменато, Аудицијата ќе се одржи во горенаведените четири дена во период од 18:00 до 19:00 часот, а самото пријавување се врши на лице место.

Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.

Не ја пропуштајте можноста Вашето дете да стане дел од најубавата детска музичка приказна!

Најнови вести од Музика

To top