Започнаа градежни активности за реализација на проектите „Реконструкција на крак од улица во село Ногаевци и Реконструкција на крак 14 во село Виничани“ со вкупна во должина од 155 метри и „Реконструкција на крак 7 во село Виничани“ во должина од 194 метри.
Како што информира градоначалникот Киро Нацков, средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
-Планираме реконструкција на улици и во другите населени места во општината, како и на водоводни и канализациони мрежи. Целтта е да овозможиме подобри услови за живот на сите жители во населени места во Општина Градско, потенцира Нацков.
🚧Започнаа градежни активности за реализација на проектите „Реконструкција на крак од улица во с.Ногаевци и …
Posted by Киро Нацков – Градоначалник на општина Градско on Friday, September 5, 2025