Ракометарот на Е.Пелистер Жарко Пешевски, беше презадоволен од победата над Загреб на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, истакнувајќи дека неговиот тим сосема заслужено ги впишал првите два бода во групата Б.
„Одигравме тежок натпревар, но заслужено победивме. Двете екипи имаа свои моменти, свои „пет минути“, па затоа ми е драго што победата на крајот остана кај нас.
Игравме пред прекрасна публика и атмосфера, а и среќата овој пат одеше во наш прилог. Успешно отворивме во Лигата на шампионите и ги освоивме првите бодови.
Со поддршката на навивачите, ќе продолжиме во ист ритам и се надевам дека ќе бидеме уште поуспешни“, изјави Пешевски.
Еурофарм Пелистер на одличен начин ја започна новата сезона во елитниот ранг на ЕХФ, а во второто коло ќе патува на тешко гостување кај францускиот ПСЖ кој во првата рунда беше поразен од актуелниот европски шампион, Магдебург.