Кошаркарската репрезентација на Финска безбеди место во полуфиналето на Евробаскетот откако во „Рига Арена“ славеше против селекцијата на Грузија со убедливи 93-79.
Со оваа победа Финска испиша ново златно поглавје во својата кошаркарска приказна и сега во полуфиналето ќе го чека победникот од дуелот меѓу Германија и Словенија.
Најефикасен во победничкиот табор беше Микаел Јантунен со 19 поени, додека Марканен додаде 17. За Грузија најдобар стрелец беше Сандро Мамукелашвили со 22 поени.