Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе тргне од самиот старт на патот кон следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2029 година.
За пласман на континенталниот собир нашата селекција ќе треба да мине три квалификациски филтри, а веќе е позната претквалификациската група.
Македонија доби релативно лесни ривали и ќе игра во единствената група која брои четири репрезентации, а останатите две имаат по три. Нашата селекција ќе игра против Луксембург, Ирска и Азербејџан во групата А.
Група А: Македонија, Луксембург, Ирска, Азербејџан
Група Б: Бугарија, Ерменија, Норвешка
Група Ц: Словачка, Албанија, Косово
Претквалификациите ќе се играат во три ФИБА прозорци и тоа: од 24 ноември до 2 декември оваа година, од 23 февруари до 3 март и од 29 јуни до 7 јули во 2026.