Ракометарките на ЖРК Куманово со сигурна игра во второто полувреме славеа над ЖРК Куманово со 31-21 во првото коло од женската Супер Лига.
На паузата домашните имаа предност од еден гол (13-12), а разликата за победа се направи во второто полувреме. Главната серија на голови падна кога фаворитот се одлепи наа 21-15 и целосно ја презеде контролата на натпреварот и до крајот не дозволија никаква неизвесност.
Емилијана Ризоска и Катерина Дамјановска со по седум погодоци беа најпрецизни кај победничкиот тим, додека Мариана Силва Азеведо со десет гола беше најдобра поединка кај Куманово.