Кармело Ентони (41) и Двајт Хауард (39) стнаа жители на Куќата на славните во Спронгфилд.
Ентони, кој играше 19 сезони во НБА, ја заработи оваа чест врз основа на неговите лични достигнувања и како член на американскиот тим кој освои злато на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.
Хауард, беше и член на американскиот тим што освои злато на Олимписките игри во 2008 година.
Иако немаше толку блескава кариера како Кармело Ентони, може да се пофали со НБА прстенот што го освои со ЛА Лејкерс во сезоната 2019/20.
Ја започна својата НБА кариера во 2004 година со Орландо Меџик. Промени седум клуба, а најмногу се задржа во Орландо и ЛА Лејкерс.
Многумина го паметат и како најлошиот шутер на слободни фрлања во историјата на НБА (малку над 50 проценти). Неговиот кумулативен просек во НБА лигата е 15,7 поени и 11,8 скока по натпревар.