Кошарка

Џордан Скипер Браун е нов на Пелистер

Џордан Скипер Браун е нов на Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер се пофали со уште едно странско засилување, а тоа е Џордан Скипер Браун.

27-годишниот Американец доаѓа во редовите на Пелистер по настапите за турски Трабзон.

На девет одиграни натпревари тој имаше просек од 5,3 поени. Во минатото Скипер Браун настапуваше за Леуван и Астана со која заигра во ВТБ лигата по доаѓањето во Европа од НЦАА лигата.

Џордан Скипер Браун е четвртото странско засилување на Пелистер, по ангажманите на Никола Малешевиќ, Остин Прајс и Брејси Дејвис, додека во тимот пристигна и Андреј Митревски.

To top