Култура

Нова постојана поставка ќе биде отворена во Aрхеолошкиот музеј

Нова постојана поставка ќе биде отворена во Aрхеолошкиот музеј

Нова постојана поставка ќе биде отворена вечер во Националниот археолошки музеј во Скопје, соопштуваат од оваа установа.

На свеченото отворање најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

-Нашето културно наследство ќе биде прикажано на уште подостапен, интерактивен и инспиративен начин, посочуваат од Националчниот археолошки музеј.

Поставката ќе биде отворена во 19 часот.

Од 8 септември Археолошкиот музеј повторно ќе биде отворен за посетители, од 10:00 до 18:00 часот.

Посетителите ќе може да ја разгледаат нова постојана поставка, како и времената изложба: „Архајската некропола во Корошишта – случајно откритие со големо значење“.

По повод Денот на независноста, влезот е бесплатен за сите посетители.

Најнови вести од Култура

To top