Македонија

Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, пожарникари повредени со изгореници на стапалата

Тој наведува дека неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, пожарникари повредени со изгореници на стапалата

Неколку пожарникари сте здобиле со повреди при гаснењето на пожарот што избувна вчера во фабриката Макпрогрес во Виница позната по брендот Винчини. Пожарот е ставен под контола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

-Опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), сите имале сончеви панели на покривот. Спасени се линиите од 1 до 5. Пожарот е под целосна контрола. Во гаснењето учествуваа пожарникари од ТППЕ Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес, наведува Ангелов.

Тој наведува дека неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

-При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале во стопената смеса, појаснува Ангелов.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчера вечер во 18:40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката.

To top