Фудбал

Познати досега 17 патника за СП 2026 година

Познати досега 17 патника за СП 2026 година

Додека европските гиганти допрва ги започнуваат своите битки, низ остатокот од светот квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, влегуваат во својата завршна фаза.

Веќе се познати 17 репрезентации кои обезбедија место на најголемиот фудбалски собир, а листата носи и неколку големи изненадувања.

Ова е првиот Мундијал кој ќе се игра во формат со 48 репрезентации, што овозможи повеќе места за секоја конфедерација и шанса за некои нови земји да дебитираат на големата сцена.

Јужноамериканските квалификации, кои важат за најтешките во светот, веќе ги дадоа своите шест директни патници. Тука немаше големи изненадувања:

Аргентина (актуелен светски првак), Бразил, Уругвај, Колумбија, Еквадор Парагвај.

Азиските квалификации донесоа две големи изненадувања и историски пласман за две репрезентации кои за првпат ќе настапат на Светско првенство, Узбекистан и Јордан. Покрај нив, пласман обезбедија и очекуваните фаворити: Јапонија, Иран, Јужна Кореја, Австралија.

Во Африка, првата репрезентација која обезбеди пласман е полуфиналистот од минатиот Мундијал, Мароко. Во Океанија, пак, единственото директно место, очекувано, му припадна на Нов Зеланд.

Како организатори, пласман автоматски обезбедија Канада, Мексико и САД

Европските репрезентации сè уште не се на оваа листа, бидејќи нивните квалификации штотуку започнаа.

Поради настапите во Лигата на нации, најголемите фаворити како Португалија, Шпанија, Германија и Франција своите први натпревари ќе ги одиграат во септември.

To top