Кошарка

Немања Недовиќ официјално потпиша за Монако

Немања Недовиќ официјално потпиша за Монако

Немања Недовиќ е новиот кошаркар на Монако кој потпиша договор со клубот од малото кенжевство.

Недовиќ имаше договор со Црвена звезда на крајот од минатата сезона за продолжување на соработката, меѓутоа, клубот се премисли и ја прекинаа соработката.

Поради оваа причина, Недовиќ потпиша за Монако и ќе биде таму следната година. Недовиќ ја започна својата професионална кариера во Црвена звезда, подоцна играше во Валенсија, Уникаха, Панатинаикос и во НБА за Голден стејт Вориорс.

Се врати во редовите на црвено-белите во 2022 година и беше член до ова лето.

To top