Ракомет Супер лига

Пролет стартуваше со победа над Тиквеш

Три натпревари беа одиграни вечерва од првото коло од машката ракометна Супер лига

Пролет стартуваше со победа над Тиквеш

Три натпревари беа одиграни вечерва од првото коло од машката ракометна Супер лига. Најважната победа ја остварија ракометарите на Пролет, кои пред своите навивачи го совладаа Тиквеш со 22:19. МРК Куманово пред своите навивачи со пресврт во последните минути го совлада Радовиш со 34:32, додека победа како гостин оствари Еурофарм Пелистер 2 со 32:29.

Претходно беа одиграни дуелите: Бутел – Еурофарм Пелистер 20:29 и Струга – Вардар 25:38.

Првото коло ќе биде комплетирано в среда со дербито на колот меѓу Алкалоид и Охрид.

To top