Познати Огромна промена

Бојана Стаменов имала 185 килограми: Ослабе поради страв дека ќе остане слепа!

Килограмите влијаеле и на нејзината психичка состојба бидејќи станала нервозна и агресивна.

Бојана Стаменов имала 185 килограми: Ослабе поради страв дека ќе остане слепа!

Пејачката Бојана Стаменов помина низ ригорозни диети и тренинзи и успеа да ослабе повеќе од 70 килограми. Како главна причина за таа одлука, вели дека е стравот да не ослепе поради висок шеќер.

-Здравствената состојба ми беше катастрофа! Во јуни 2020 година, мојот шеќер во крвта скокна на речиси 30. Тогаш забележав дека не гледам добро. Дотогаш бев здрава и дебелка. За жал, дебелината си го направи своето, изјави Бојана.

Таа додава дека килограмите влијаеле и на нејзината психичка состојба бидејќи станала нервозна и агресивна.

-Отидов на лекар и реков: „Нервозна сум, јас не гледам добро. Ми се гади од се! Сакам да го намалам стомакот.“ Ми закажаа операција, поминав на консултација и добив задача да го контролирам шеќерот и да ослабам пред интервенцијата. Отидов и на психолог, раскажа Бојана за српските медиуми.

Бидејќи за операцијата морала да ослабе, почнала и да вежба.

-На убедување на моја другарка, контактирав личен тренер. Имав 185 килограми и бев скептична дека ќе може да ми помогне. Се чувствував непријатно кога ме виде во тренерка, без шминка, разбушавена… Секој ден морав да му кажувам колку спиев, јадев, дали имам стрес. Дури ми ја смени исхраната. Пред него обично јадев парче леб со младо сирење, салата или варено јајце… Ми додаваше повеќе храна, за да не гладувам. Кога сфатив дека ослабев 70 килограми, ја откажав операцијата! Сега се чувствувам психички и физички подобро и многу полесно. Лесно како пеперутка! Продолжувам да слабеам, колку што можам, вели Бојана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Stamenov (@thebojanastamenov)

To top