По пријателскиот натпревар во Прага против Саудиска Арабија, македонската фудбалска репрезентација веќе го подготвува неделниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Лихтенштајн.
Романскиот судија Хоратиу Фешник ќе застане на центарот во Скопје в недела од 18:00 часот.
Помошни судии ќе бидат Валентин Аврам и Александру Кереи, а и четвртиот судија доаѓа од Романија, Мариан Барбу.
Во ВАР собата ќе работи искусниот романски арбитар Хатеган.
Со победа избраниците на Благоја Милевски ќе се вратат на врвот на табелата во пресрет на последните три кола во групата.