Останати спортови

Доделени наградите „8 септември“, Јошко Миленкоски доби признание за животно дело

Доделени наградите „8 септември“, Јошко Миленкоски доби признание за животно дело

Министеството за спорт на Република Македонија го додели традиционалното признание и државната награда „8 септември“.

Денес во просториите на Собранието беа поделени наградите на освојувачите.

Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на земјава на меѓународен план ја доби Јошко Миленкоски.

Актуелниот македонски селектор е истакнат поранешен одбојкар, универзитетски професор, како и долгогодишен тренер со богато домашно и меѓународно искуство.

Нaградата му ја врачи министерот за спорт Борко Ристовски.

Освен Миленкоски, еднократна државна награда „8 септември“ и плакети добија уште четворица.

Меѓу нив беа поранешниот борец и спортски работник Хамид Бакија, поранешниот истакнат судија Зоран Николовски, спортскиот доктор кој преку четири децении ги посвети на работа во мак-кошарката Виктор Тевчев и спортскиот новинар со преку шестдецениски стаж Кирил Манев.

 

 

To top